За АгФутура Технологии

Со извонредност во новите технологии, начинот на прибирање на податоци и искусните експерти се стремиме кон развој и обезбедување на најсигурните услуги и продукти за нашите партнери во земјоделскиот и прехрамбениот сектор.

Да станеме најсигурен партнер во земјоделско-прехрамбениот сектор.

АгФутура Технологии е посветена компанија во поддршка на земјоделскиот сектор и прехрамбената индустрија со помош на иновативни решенија во областа на прецизното и дигиталното земјоделство, бизнис развојот и маркетинг во земјоделско прехрамбена индустрија.

Portfolio

Иновативни решенија за вашите продукти и услуги

Со константниот раст на побарувачката за храна од една страна и ограничените природни ресурси од друга страна се создава предизвикувачка средина за земјоделско-прехрамбените компании. Постоењето на АгФутура се заснова на постојаниот труд за решавање на овие модерни предизвици во локалното и глобалното земјоделство, прехрамбената и другите комплементарни индустрии. Нашите продукти и услуги се развиени и базирани на нашето екстензивно знаење и искуство во земјоделството и информациските и комуникациските технологии.

Понудата на АгФутура е составена од три групи на услуги: Агро Бизнис, Консалтинг во земјоделско прехрамбената индустрија и Маркетинг во земјоделско прехрамбената индустрија.

Основни Вредности

Мисијата на АгФутура се заснова на следните основни вредности:

Современа технологија и прецизност

АгФутура Технологии продолжува со своите напори за подобрување на знаењето, вештините, процесите и мрежата на експерти со цел да понуди подобра и континуирана поддршка за нашите клиенти. Употребата на современата технологија и прецизност се нашето најважно средство.

Сигурни и објективни

Нашето постоење е базирано на континуиран труд за развивање и обезбедување на сигурни и објективни продукти и услуги за нашите клиенти. Нашите услуги им помагаат на фармерите и компаниите во земјоделско-прехрамбениот сектор да прават ефикасни и ефективни бизнис одлуки кои резултираат со поголеми профити.

Партнерство

АгФутура ги смета своите клиенти како партнери во секоја фаза од бизнис моделот (развој, продажба, имплементација и поддршка). Тенденцијата за да се создаде затворена и долга релација и кооперација со фармерите, претставува есенцијалност во развојот на услугите на АгФутура. Се трудиме континуирано да и “враќаме” на земјоделската заедница  преку понуди за бесплатни услуги и информации што ќе им помогне за значително подобрување на бизнисот.

Тим и Мрежа

Тимот на АгФутура, поддржан заедно со големата мрежа на локални и интернационални експерти претставува највредното средство на компанијата. Постојана инвестиција во знаењето и вештините на тимот е цврсто дефинирана во нашата стратегија. Со дизајнирање и имплементација на една од софистицирана, компензациска и мотивациска шема се трудиме да нашите вработени чувствуваат дека енергијата и времето потрошено на постигнувањето на визијата се високо ценети.

Благоја Муканов
Извршен Директор

Експерт во применета економија во земјоделството и меѓународниот развој на земјоделството

Надица Анѓушева
Проектен менаџер / Офицер за заштита на податоци (ДПО)

Проектен менаџер со докажана историја на работа во индустријата за информатичка технологиј

Марио Петковски
Агроном / Специјалист за прецизно земјоделство

Агроном со докажана историја на работа во земјоделската индустрија. Искуство во области как