Бизнис развој

Бизнис Развој Услуги

 

Групата на услуги за бизнис консалтинг има за цел да ги подржи нашите клиенти при развој и воведување на бизнис модели во земјоделската и прехрамбената индустрија за успех на локални и интернационални пазари. Нашите услуги во оваа област се специјално дизајнирани за да одговорат на специјалните потреби на земјоделско-прехрамбената и сите други комплементарни индустрии.

Бизнис Моделирање

  1. Анализа на трошоци и приходи
  2. Анализа на индустрија
  3. Анализа на големина на пазар
  4. Дизајн на снабдување со инпути
  5. Дизајнирање на побарувачка
  6. Дефинирање на цени и капацитети за производство
  7. Анализа на сценарио

Истражување за пазарот (национални, регионални, континентални и глобални)

Силните вештини кои ги поседува АгФутура во областа на бизнисот, економијата и науката за податоци ни овозможува да ги понудиме следните услуги за истражувањето на пазари:

  • Дефинирање на обемот на истражување и развој на хипотези за истражување
  • Избор на методологија за истражување
  • Прибирање на податоци
  • Анализа на податоци
  • Подготовка на извештај за истражување на пазари (изглед, големина, сегментација и трендови на пазарот и други)

Развој и извршување на бизнис стратегија

Целосна услуга за развој на бизнис стратегија за нови и веќе основани компании:

  • Извршување на анализа на ситуација (Анализа на приходи/трошоци, анализа на бизнис процеси, анализа на пазар)
  • Развој на корпоративни визии и мисии
  • Дефинирање на корпоративни вредности
  • Развој на акциски план за извршување на стратегија
  • Мониторинг на извршување на акциски план

Инвестиционо моделирање – Креирање на модел за инвестиции

Дизајнирање на модели за инвестиции по клучните параметри при инвестирање: ROI (поврат на инвестиција), ROA (поврат на средства), ROE (поврат на капитал)

Сите од горенаведените услуги се подржани од искусни професионалци во следниве софтверски алатки за статистички анализи: SPSS, STATA, Survey Monkey, EUServey, Advanced MS Excel. Нашиот тим е вклучен во голем број на пазарни и индустриски анализи покривајќи големи групи на продукти и пазари.

Агробизнис “DUE DILLIGENCE”

Оваа услуга е специјално дизајнирана на одговори на потребите на земјоделскиот бизнис сектор и банкарскиот сектор. Нашиот технички тим за бизнис и земјоделство е достоен да создаде due diligence услуги кои специфично се фокусираат на различните земјоделски бизнис модели во различните земјоделски подсектори.

Маркетинг стратегија и развој на маркетинг план

Оваа услуга е објаснета во делот за Маркетинг во Земјоделско-Прехрамбена Индустрија.

Маркетинг во Земјоделско-Прехрамбена Индустрија