Земјоделско Инженерство

Земјоделско Инженерство

 

 

Постојат два типа на услуги кои ги нуди АгФутура во оваа област: Проценка на земјоделски бизнис и управување со култури

Проценка на земјоделскиот бизнис

АгФутура нуди услуга за проценка на земјоделската технологија  и на самата економија на фармата за различни големини на бизнис модели во поголемиот дел од земјоделските подсектори. Оваа услуга се состои од две компоненти.

Со комбинација од овие две услуги се овозможува креирање на вистински увид за реалните капацитети на земјоделскиот бизнис модел на клиентот што е есенцијална карактеристика при успешно донесување на одлуки, секојдневно или пак при идни инвестиции.

Агро-технолошка компонента

Агротехнолошката компонента вклучува детална анализа на применетите земјоделски технологии што се користат во бизнис моделот на клиентот. Анализата има за цел да се утврди ефективноста и ефикасноста на технолошкиот капацитет за создавање додадена вредност и постигнување профит. Најголемата предност на АгФутура во обезбедувањето на оваа услуга е нашето знаење и вештини во дигиталните технологии кои обезбедуваат многу вредни и прецизни податоци клучни за разбирање на реалната состојба во земјоделскиот модел.

Економска компонента

Економската компонента на овие услуги се состои од анализа на економски и финансиски аспекти на сите деловни и технолошки функции (биланс на успех и биланс на состојба) во моделот на деловно работење на клиентот.

Услуга за управување со култури

Користејќи ги услугите на АгФутура при управувањето со култури ви овозможува стабилно покачување на приносот и конзистентност во квалитетот на продуктите!

Во оваа област АгФутура нуди три типа на услуги: Екстракција на почвени примероци, Анализа на почва и топографија

Овие услуги кореспондираат со Програмата за исхрана на растенија и Оптималното портфолио

Екстракција и анализа на почвени примероци

Почвената анализа претставува сет од хемиски процеси кои што ги одредува количествата на  хранливите материи кои се достапни во почвата. Покрај достапните хранливи материи со помош на анализата се утврдуваат и хемиските, физичките и биолошките карактеристики на почвата која е предмет на испитување. Анализа на почвата претставува прв чекор за имплементација на нашите услуги во правец на оптимизација на расположливите ресурси во едно земјоделско стопанство.

 

АгФутура нуди услуга што ги покриваат два процеса:

  • Земање на почвени примероци

  • Анализа на почва

Продукт 1

Програмата за исхрана на растенија

Програмата за исхрана на растенијата на АгФутура е продукт кој обезбедува примена на оптимална комбинација на хранливи материи (ѓубрива, био стимуланси и слично) во согласност со моменталната состојба на почвата, како и со биоматеријалите од претходните култирани култури.

Придобивки:

  • Прецизен увид за моменталната состојба на почвата

  • Прецизна количина на внес на ѓубрива за достигнување на посакуваниот принос

  • Намалување на целокупните трошоци од 10% до 15% по хектар

  • Приспособување на средината за воведување на технологија со варијабилна стапка на аплицирање

Топографија

Топографијата во тесна смисла вклучува снимање на топографски релјеф или терен, тродимензионален квалитет на површината и идентификација на специфични форми на почви. Топографијата како извор на информации може да му каже на земјоделецот во каква средина се одвива неговото растително производство.

Придобивките од искористување на топографските информации во земјоделството се бројни, вклучувајќи:

  • Зголемување на приносите преку подобрени производни процеси
  • Ефикасност во идентификувањето на ад хок проблеми
  • Зголемена свест за здравјето на растенијата

Продукт 2

Oптимално портфолио

Оптималното портфолио му овозможува на клиентот подобро да ги разбере сопствените производствени капацитети и помага во идните процеси на донесување одлуки при изборот на вистинската комбинација на култури и технологии.

Придобивки:

  • Оптимално портфолио на култури

  • Подобро разбирање на работната средина

  • Намалување на трошоци на материјали и процеси

  • Подобрување и презервација на почвената состојба и надворешната средина