Маркетинг во Земјоделско – Прехрамбена индустрија

Што е маркетинг во земјоделско-прехрамбена индустрија?

Оваа форма на маркетинг во земјоделско-прехранбената индустрија користи генерални маркетинг пристапи како другите производи и услуги на пазарот. Сите маркетинг теми кои се релевантни за други производи и услуги, како што се маркетинг микс, сегментација, позиционирање, брендирање, таргетирање се многу важни за земјоделскиот маркетинг на продукти.

Зошто е различен?

Маркетингот во земјоделско-прехрамбената индустрија се разликува по тоа што вклучува предизвици како што се справување со расиплив продукти чиј квалитет и достапност зависи од тековната состојба на жетвата или бербата од страната на снабдувачите. Земјоделците многу често се соочуваат со никаква или ограничена контрола врз условите на пазарот. Времето на реакција на земјоделецот на промените во пазарот е многу ограничено и зависи од природните циклуси на производите што ги произведуваат. Земјоделците честопати се соочуваат со т.н. „стискање на трошоците“ што значи кога паѓаат цените на пазарот, цените што им се плаќаат на земјоделците исто така се намалуваат, сепак, иако цените се намалуваат, трошоците на земјоделците не. Овие флуктуации на цените може да ја променат културата од профитабилна се до предизвикување на значителна загуба.

Одгледувачите и производителите работат заедно за создавање на производи и услуги што ги исполнуваат стандардите на клиентите. Бидејќи конкуренцијата се зголемува на глобално ниво, за да се победи таквата конкуренција не можете да користите само менаџерски вештини, исто така ви требаат значајни знаења во областа на маркетингот. Маркетинг науката во индустријата за земјоделство и храна овозможува прилагодување на претходно споменатите маркетинг-алатки да се искористат кон специфичните предизвици во оваа релевантна индустрија.

Зошто е важно?

Ефикасност при маркетинг на земјоделските продукти

Имплементирањето на специфичниот маркетинг во смисла на земјоделската и прехрамбената индустрија овозможува оптимизација на веќе ограничениот буџет за маркетинг. Дополнително, маркетингот во случај на овие индустрии ги вклучува специфичните предизвици што произлегуваат од храната како расиплив производ што треба да се испорачува и консумира на глобалниот пазар. Затоа, ефикасниот пазар во контекст на земјоделството и прехранбената индустрија треба да ги земе предвид спецификите на ланецот на вредности, активностите по берба, складирање, стандардите за безбедност на храната, зголемена свесност за здрава храна итн.

Оптимален однос “вредност за цена”

Земјоделството и маркетингот на храна им помагаат на земјоделските бизниси да ги идентификуваат вистинските атрибути на конкурентска вредност на производите и оптимално да се совпаднат со монетарната вредност на производот – ЦЕНАТА.

Задоволување на стандардот на клиентите

Имплементирање на конвенционални алатки за маркетинг во контекст на земјоделството и прехранбената индустрија значи вклучување на сите потребни стандарди за безбедност на храна, кои се задолжителни за конкурентност на локалниот, регионалниот и глобалниот пазар. Покрај тоа, маркетингот им помага на земјоделските бизниси на начин како овие стандарди треба да бидат изложени и промовирани со цел потрошувачите да знаат што купуваат.

Адаптација на производите кон потребите на пазарот

Маркетинг-алатките им помагаат на земјоделските и прехранбените бизниси во подобро разбирање на специфичните потреби на крајните потрошувачи и како овие потреби можат да бидат задоволени со оптимална комбинација на квалитативни и монетарни атрибути на прехранбените производи. Сегментацијата и таргетирањето се од суштинско значење за да се разберат спецификите на побарувачката на храна и начините на кои бизнисите треба да се позиционираат за да се исполнат овие карактеристики на пазарот.

АгФутура маркетинг услуги

Рекламирање во земјоделско-прехрамбена индустрија

Социјални Медиуми

Опфатеност на социјалните медиуми
Google AdWords
Google My Business

Емаил Маркетинг

Добро осмислена содржина
Редовно ажурирање и новости за производот
Насочување на вашите потенцијални клиенти

Маркетинг Стратегија

Истражување и анализа
Развојна стратегија
Развој на креативна содржина

СЕО анализа и репорти

Креирање стратегија за оптимизација
Истражување на клучни зборови
Анализа на вашата целосна веб-страница за оптимизација
Известување еднаш месечно

Развој и дизајн

WordPress Развој

Нашиот тим експерти за развој на WordPress ќе ви помогне да ја креирате вашата страница на брз, ефикасен, креативен и пред се пристапен начин.

Прилагодлив и сигурен веб дизајн

Брендирање
Креативна содржина
Видео, аудио и фото продукција
UX Дизајн

Маркетинг стратегија и развој на маркетинг план

  • Развој на маркетинг стратегија

  • Развој на маркетинг план

  • Контрола и преглед на извршувањето на маркетинг стратегијата

  • Контрола и преглед на извршувањето на маркетинг планот