Прецизно Земјоделство

Прецизно Земјоделство

 

Прецизното земјоделство претставува иновативен начин на управување на земјоделските стопанства во смисла на оптимизација и заштеда на ресурсите кои се користат при производството базирани на реални податоци измерени преку дигитални алатки. АГФТ е прва компанија во Република Македонија која нуди услуги за прецизно земјоделство.

Предности

Со нашите услуги ќе имате можност за:

Услугите на АГФТ во делот за Прецизно Земјоделство се поделени во ТРИ ФАЗИ во зависност од вегетацискиот период на културата која се мониторира.

Прва фаза – услуги пред вегетативниот циклус

  • Екстракција на почвени примероци со помош на сателитска и дронска корекција
  • Анализа на почва
  • Зонирање на полето
  • Изработка на оптимално портфолио
  • Воведување на ГПС технологија

За повеќе информации погледнете ја нашата брошура!

Втора фаза – услуги за време на вегетативниот циклус

  • Програма за исхрана на растенија според дефинираните зони
  • Програма за сеидба според дефинирани зони
  • Мониторинг на вегетација – базирано на дигитални податоци од разни извори за време на вегетативниот циклус на посевот, добиваме можност за давање на сигурни и конкретни совети во врска со сите операции кои што треба да се извршат во секоја од фенолошките фази од растот и развојот на растенијата. Овие услуги се реализираат преку специјализираната платформа на АгФутура – Мој Агроном.
  • Програма за мониторинг на штетници со помош на дигитални феромонски мамки

За повеќе информации погледнете ја нашата брошура!

Трета фаза – услуги по вегетативниот циклус

  • Мапирање и интерпретација на мапи од принос

За повеќе информации погледнете ја нашата брошура!