Б-Ферст, Хоризон 2020
Преглед на проектот
АгФутура Технологии е дел од Хоризонт 2020 проектот наречен Био-базирани продукти за ѓубрење како најдобра практика за оддржливо управување со земјоделството Б-Ферст. Овој проект започна на 01.05.2019 година и ќе трае 5 години со главна тема за производство на биопестициди или био-базирани ѓубрива како компоненти на идните планови за одржливо управување со земјоделството.
Главната цел на проектите е да се интегрира валоризацијата на био-отпадот во плановите за управување со земјоделството, со што се создаваат нови циркуларни и био-базирани вредносни синџири со оглед на билатералната интеракција помеѓу секторите земјоделство и производство на ѓубрива насочена кон промена на парадигмата во вредносниот синџир на ѓубрива со 8 специјализирани ѓубрива . Одржливоста на Б-ФЕРТС се заснова на повторна употреба на био-отпад за замена на необновливи, не-домашни и енергетски интензивни суровини:
- Био-базирани цврсти ѓубрива, вклучувајќи обновливи извори на макронутриенти (N, P, K);
- Биостимуланси за подобрување на хранливите материи во почвата.
Одржливоста на проектот се заснова на претходните R&D од други RIA проекти. Процесот на производство ќе се демонстрира на ниво на индустриска демонстрација.
Лидер и координатор на проектот е ФЕРТИБЕРИЈА, Шпанија (www.fertiberia.com)
Проектни партнери се:
Universidad de Leon- Шпанија – www.unileon.es
Novamont spa- Италија – www.novamont.com
FCC Aqualia SA – Шпанија – www.aqualia.com
Fkur Kunststoff GMBH – Германија – www.fkur.com
Agrisat Iberia SL – Шпанија – www.agrisat.es
Vlaamse Instelling VOOR Technologisch Onderzoek N.V – Белгија – www.vito.be
Arcadia International- Белгија – www.arcadia-international.net
Fondazione Icons- Италија – www.icube.global
Instytut Uprawy Nawozenia i Gleboznawstwa, Panstwowy Instytut Badawczy – Полска – www.iung.pulawy.pl