За нас
2016
Основање
22
Број на вработени
21
Број на фарми 21 (над 2000 хектари)
45
Број на соработници - експерти
43
Број на развиени проекти
23
Број на успешно добиени проекти
150
Мрежа од европски партнери
За АгФутура Технологии
АгФутура Технологии е компанија за применети иновации со седиште во Северна Македонија, која делува низ Западен Балкан, Европа и меѓународните пазари.
Нашата главна експертиза е претворање на идеи во пазарни решенија. Комбинираме сопствени ресурси — Living Lab и АГФТ Алатник — со длабока мултидисциплинарна експертиза во бизнисот и економијата на иновации, дигитализацијата, набљудувањето на Земјата и јавните политики.
Нашата работа опфаќа шест тематски области — агро-прехранбен сектор, животна средина, здравство, роботика, културно наследство и конективност. Работиме со клиенти и партнери преку четири бизнис сегменти: AMA, BIS, DYORAMA и нашата нова AGFT Agile Factory.

Нашиот модел комбинира техничка експертиза на ниво на истражувачки институти со бутичен пристап во работењето: селективни ангажмани, висока техничка длабочина и мерливи резултати.
„АгФутура Технологии — применета иновација, од идеја до пазар!“
Основни начелни вредности
АгФутура Технологии постојано вложува во подобрување на знаењето, вештините, процесите како и мрежата на експерти од областа на земјоделството со цел да понуди веродостојна и континуирана поддршка за нашите клиенти.
Употребата на современа дигитална технологија во земјоделство и прецизноста на податоците се нашето најважно средство.
Нашето постоење се заснова на постојаната посветеност кон унапредување на нашите услуги и проширување на нашето портфолио на производи од областа на дигиталното земјоделство. Овој потфат е насочен кон обезбедување услуги за поддршка за управување со модерно земјоделско стопанство.
Нашите услуги им овозможуваат на земјоделците и бизнисите од земјоделскиот сектор да донесуваат информирани и рационални одлуки, што во крајна рака го зголемува профитот.
Се стремиме да воспоставиме долготрајни партнерства со нашите клиенти преку јасно изработен систем за развој на фарми, обезбедувајќи сеопфатен и веродостоен увид на потенцијалот и можностите за успех вградени во решенијата кои ги нудиме.
Посветени сме постојано да ѝ возвраќаме на земјоделската заедница преку активно ангажирање на нашите клиенти, државата, академијата, невладиниот сектор и земјоделците во истражувачки, развојни и апликативни проекти во рамките на дигиталното земјоделство.
Тимот на АгФутура, поддржан од широка мрежа на меѓународни експерти, го формира срцето на нашата компанија. Нашата стратегија е посветена на постојано инвестирање во знаењето и вештините на тимот.
Преку развој и имплементација на современа шема за компензација и мотивација, сакаме нашите вработени да почувствуваат дека нивните напори и време посветено на постигнување на визијатата се високо ценети.
Генерални информации за компанијата
АгФутура Технологии (АГФТ) е компанија која нуди консултантски услуги и опрема за дигитално земјоделство.
Нашата работа е поделена на четири главни професионални области:
РАМАС-систем за далечинско мониторирање и советување во земјоделството
РАМАС системот е развиен и спроведен од страна на АГФТ со цел подобрување на земјоделското производство, интегрирајќи напредни дигитални технологии за да обезбеди прецизни услуги за мониторирање и советување во реално време. Со користење на сензорни конфигурации како што се метеоролошки станици, сензори за почва и стапици за штетници, комбинирани со податоци од беспилотни летала, сателити и анализи на почвата, РАМАС обезбедува сеопфатни проценки за здравјето на културите, исхраната и хидратацијата низ различни видови на фарми и видови на производство.
Агро-бизнис развој
Нудиме услуги од концепт до имплементација на земјоделски проекти, со анализа на капацитетите на фармите и прилагоден стратешки план, дополнет со обука за зголемена стручност.
Проектен развој
Како Организација за Поддршка на Бизниси (BSO), нудиме услуги за развој и спроведување на национални и меѓународни проекти во областа на земјоделството.
Центар за дигитално земјоделство
Нудиме курсеви за оптимална стручност прилагодени на потребите на современата агрономија, агроекономија и земјоделски технологии, фокусирајќи се на барањата на клиентите.
Нашиот тим
Марио Петковски
Раководител на сектор Советување и едукација во земјоделството
mario.petkovski@agfutura.comАнгела Муканова
Маркетинг специјалист