Зајакнување на земјоделството во земјите на Западен Балкан преку дигитална трансформација на фармите
Date: 24.01.24
Written By: Darko Jancheski
Во октомври 2023 година започна проектот за промовирање одржливи земјоделски практики во балканскиот регион преку имплементација на дигитални решенија за модерно земјоделство наречен „Дигитализација на фармите во земјите на Западен Балкан“ . Предводен од АгФутура Технологии, проектот има за цел да обезбеди значаен увид, да го поттикне усвојувањето на најдобрите практики и да ја подобри ефикасноста на управувањето со фармата. Со намалување на загубите и трошоците, зголемување на приносите и максимизирање на профитот — иницијативата се стреми да придонесе за севкупниот напредок на земјоделството во Западен Балкан. Овој проект е заеднички труд на USAID Economic Development, Governance, and Enterprise Growth [EDGE] проектот (имплементиран од страна на International Development Group), USAID North Macedonia Partnership for Economic Growth Activity (имплементиран од страна на Palladium Group), и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.
Централното место во проектот зазема едукација и советување на земјоделците во земјите на Западен Балкан за имплементација на дигитални технологии и оптимизирање на процесите на производство на фармите. Главниот фокус паѓа на користење на далечинскиот систем за земјоделско следење и советување (РАМАС) развиен од АГФТ. РАМАС има за цел да обезбеди мониторинг и советодавни услуги за земјоделците, унапредувајќи го нивното знаење и технолошка поддршка за донесување одлуки за време на циклусот на производство на култури.
Главните цели на проектот се оптимизација на инпутите и процесите, како и подобрување на економијата на фармата додека се минимизираат влијанијата врз здравјето на луѓето и животната средина. Со активна поддршка на 11 фарми во Северна Македонија, Србија и Косово – проектот се фокусира на дигитализација, прецизно земјоделство и зајакнување на знаењето, предвидувајќи трансформативни промени во овие региони. Предвидените активности се поделени во три работни пакети (WPs):
- WP1 е посветен на подигање на свеста, едукација и обука која вклучува едукативни активности за имплементација на дигитални технологии на фарми проследени со професионални насоки од консултанти.
- WP2 вклучува подготвителни активности неопходни за спроведување на проценката на капацитетот на фармата и дефинирање на стратегијата на фармата.
- WP3 вклучува поддршка за управување со културите со користење на дигитални земјоделски технологии за следење на здравјето на почвата, наводнувањето, ѓубрењето, бербата и други стратешки активности за следење.
Очекуваните резултати од успешно спроведените активности во рамките на проектот се добро обучени земјоделци, кои се свесни за важноста на дигиталните земјоделски технологии, подготвени да го користат РАМАС системот и да соработуваат со советници за успешно оптимизирање на нивните производни процеси. Со оглед на влијанието на проектот, очекуваме зголемена продуктивност и оптимизација на ресурсите во рамките на вклучениот систем за земјоделско производство и зголемена отпорност на системите за земјоделско производство на климатските промени и други појави.
За да се обезбеди постигнување на предвидените резултати, дизајнирани се специјализирани модули за обука, кои опфаќаат и сеопфатни материјали за обука и интерактивни сесии. Овие модули се специјално создадени за да се олесни имплементацијата на дигиталните технологии во практиките за земјоделско производство.
Фотографии од терен: