АгФутура Технологии имаше свои претставници на третиот меѓународен состанок Агро-наука и пракса (АНП 2023)

Date: 20.04.23

Written By: Darko Jancheski

Во изминатите шеснаесет години образовните, научно-истражувачките и апликативните активности на Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип, дадоа голем придонес за развој на земјоделскиот сектор во Република Северна Македонија и поширокиот регион.

Земјоделскиот факултет го организира III Mеѓународно научно-стручно советување Агро-наука и пракса (АНП 2023), давајќи им можност на учесниците да презентираат и дискутираат оригинални научни и практични резултати во различни полиња на земјоделството.

III Меѓународно научно-стручно советување Агро-наука и пракса (АНП 2023) е организирано со намера да ги обедини сите релевантни фактори од земјоделскиот сектор за споделување на нивното знаење, искуство и проблеми. Една од главните цели е да се направи мост и да се овозможи силна комуникација помеѓу научно-истражувачката и практичната работа во земјоделскиот сектор, како во нашата земјата, така и пошироко, со што ќе се добие меѓународна димензија.

Главна цел на Советувањето е да се поврзат и промовираат научните достигнувања и практичните знаења во дадените тематски области.

АгФутура Технологии, како сериозен чинител во земјоделскиот сектор во Северна Македонија имаше свои претставници на настанот. Нашите колеги ги презентираа активните проекти на кои работи АГФТ пред академските претставници, владините претставници, како и други претставници од советодавниот и невладиниот сектор. Иновативните и одржливи решенија кои AGFT ги изнесе го привлекоа вниманието на присутните.

 

image-block

image-block

?>