АгФутура – Добитник на финансиска поддршка во рамките на првиот „Предизвик за Дигитализација на Земјоделство”

Date: 16.06.21

Written By: Darko Jancheski

АгФутура е еден од добитниците на финансиска поддршка во рамките на првиот „Предизвик за Дигитализација на Земјоделство” кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој.

Предмет на проектот наречен “Центар за Дигитално Земјоделство” кој ќе трае 1 година претставува иновација на услуга која се состои од 3 клучни компоненти:

  • ЕДУКАЦИЈА за дигитално и прецизно земјоделство со висок степен на апликативност;
  • КОНСАЛТИНГ за воведување на дигитално и прецизно земјоделство;
  • АГРОТЕХНИЧКИ УСЛУГИ за извршување на прецизни операции со користење на беспилотно летало.

За повеќе информации за повикот погледнете го следниот ЛИНК.

Погледнете го видеото на кое се претставени сите добитници на повикот подолу:

?>