Приклучете се на проектот LegumES и отклучете ги придобивките од мешунките!
Date: 28.01.26
Written By: Darko Jancheski
АгФутура Технологии бара земјоделци од Р. Македонија кои ќе учествуваат во теренски испитувања за мерење на придобивките поврзани со легуминозните култури, преку лесни и практични методи за следење.
Проектот LegumES има за цел да одговори на клучните предизвици во современото земјоделство, со фокус на еколошките, економските и социјалните придобивки од легуминозните култури. Проектот ја промовира нивната примена како решение за намалување на зависноста од синтетички азотни ѓубрива, редукција на емисиите на стакленички гасови, подобрување на здравјето на почвата и создавање поразновидни и поотпорни земјоделски системи.
За таа цел, имаме потреба од земјоделци кои ќе земат учество во мерење на придобивките од мешунките, користејќи едноставни и лесно применливи методи за мониторинг. Овие теренски испитувања претставуваат важен прв чекор кон разбирање на тоа како може да се вреднуваат екосистемските услуги што ги обезбедуваат легуминозните култури.
Проектот ќе обезбеди практични и широко применливи решенија кои придонесуваат кон поодржливо земјоделство и ќе помогнат во креирање на соодветни политики и управувачки механизми низ Европа.
Станете LegumES земјоделец – заедно ќе обезбедиме докази за екосистемските придобивки од легуминозните култури.
На оние земјоделци кои ќе бидат избрани ќе биде обезбедена финансиска поддршка за поставување на експериментот, како и насоки за осмислување на испитувањата и процесот на следење.
Доколку сте заинтересирани, ве молиме контактирајте нè на: info@agfutura.com