АгФутура Технологии организираше фокус група за потребите на проектот ICAERUS

Date: 18.04.23

Written By: Darko Jancheski

АгФутура Технологии  организираше фокус група за потребите на проектот ICAERUS каде што беше одржана дискусија за употребата на беспилотни летала во руралните средини во Република Северна Македонија.

Целта на оваа група беше да се сумираат различни видови на  мислења од различни чинители во оваа индустрија и во овој еко систем на рурални средини. Фокус групата беше составена од претставник на Министерството за земјоделсвто, претставник од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, фармер, професор и претставник од невладиниот сектор.

АгФутура Технологии, како партнер во конзорциумот, има значајна улога во самиот проект со задачи од областа на рурална логистика. За потребите на проектот ICAERUS ќе биде извршено тестирање на системот на употреба на беспилотни летала во Охрид и Струмица каде што ќе биде демонстрирана испорака на лекови, документација, ѓубрива и механички делови во рурални средини.

Со имплементацијата на системот на беспилотни летала во руралните средини се  очекуваат повеќе позитивни резултати: промовирање на употребата на дроновите како транспортери на товар за тешко достапни места, автоматизирање на неколку аспекти на руралната логистика, користење на 3-та генерација безжична мрежа (GSM) за пренос на податоци за дронот во реално или блиску до реалното време и намалено време на услуга за итни испораки.

Проектот ICAERUS или „Иновативност и градење капацитети во земјоделските, еколошките и руралните дронски услуги“ е финансиран од Horizon Europe програмата, со времетраење од четири години (2022 – 2026 година). Конзорциумот го сочинуваат 13 партнери од осум различни земји на ЕУ.  Визијата на проектот ICAERUS e да се истражат можностите и да се разбере потенцијалот и влијанието на дроновите како мултифункционални летала во земјоделстото, шумарството и руралните области во ЕУ.

Целта на ICAERUS е преку ефективна и ефикасна примена  да се прикаже и поддржи безбедно користење на дроновите, како и да ги идентификува потенцијалните ризици од употреба на истите.

Со овој проект може да се доведе до подобрување на ефикасноста и ефективноста на руралната логистика во Р.С. Македонија.

 

?>