АгФутура Технологии учествуваше на Вториот состанок на Одборот на управители при проектот ICAERUS
Date: 30.06.23
Written By: Darko Jancheski
АгФутура Технологии учествуваше на Вториот состанок на Одборот на управители што се одржа на 28ми и 29ти јуни во Вагенинген Холандија, чиј домаќин беше Универзитетот Вагенинген.
Главната цел на состанокот беше општ преглед на проектот, презентирајќи го напредокот и анализирање на следните чекори на ICAERUS. Дополнително, вмрежувањето помеѓу партнерите од конзорциумот беше зајакнато.
На 28ми, се презентираа проектите H2020 I-Seed, MSCA WildDrone и H2020 FlexiGroBots, а остатокот од денот беше посветен на презентацијата на целокупниот напредок на работните пакети, вклучувајќи ги спроведените активности, клучните исходи и планирање на следните чекори. Како дел од секоја презентација, се посвети време да се отвори дискусија, што помогна за подобро разбирање на активностите.
Вториот ден, 29ти беше посветен на презентација на петте случаи на употреба. Конкретно, се даде детален преглед на секој од случаите, напредокот и постигнатите досегашни резултати, како и кои се следните чекори во понатамошниот развој на случаите. Сето тоа беше проследено со дискусија по секоја презентација. Завршетокот на денот беше заокружен со работилница на тркалезната маса на тема: UC Drone Stakeholders networks.
АгФутура Технологии, како партнер во конзорциумот, има значајна улога во проектот од областа на руралната логистика. За потребите на проектот ICAERUS, ќе се изврши тестирање на системот на употреба на беспилотни летала во Охрид и Струмица, каде ќе се демонстрира испорака на лекови, документација, ѓубрива и механички делови во руралните области.
Проектот ICAERUS или „Иновации и градење капацитети во земјоделски и рурални животни средини со употреба на беспилотни летала“ е финансиран од програмата „Хоризонт Европа“, со времетраење од четири години (2022 – 2026). Конзорциумот се состои од 13 партнери од осум различни земји од ЕУ. Визијата на проектот ICAERUS е да ги истражи можностите и да го разбере потенцијалот и влијанието на беспилотните летала како мултифункционални авиони во земјоделството, шумарството и руралните области во ЕУ.
Целта на ICAERUS е преку ефективна и ефикасна примена да се покаже и поддржува безбедна употреба на беспилотни летала, како и да се идентификуваат потенцијалните ризици од нивната употреба. Со овој проект, ефикасноста и ефективноста на руралната логистика во Република Северна Македонија може драстично да се подобри.