Почетен состанок за проектот ICAERUS
Date: 06.07.22
Written By: Darko Jancheski
Наслов: Иновации и градење Капацитети во Земјоделски Еколошки и Рурални Дронски Услуги (ICAERUS)
Датум на започнување: 01 јули 2022 година
Времетраење: 4 години
Финансиран под: Хоризонт Европа
Тема: Потенцијал на беспилотните летала како повеќенаменски возила – ризици и додадени вредности
Почетна средба за проектот ICAERUS се одржа на 4-ти јули 2022 година во Атина!
Извршниот директор на АгФутура Технологии, г-дин Благоја Муканов, беше поканет на настанот и зема активна улога на состанокот.
АгФутура Технологии е лидер во имплементација на современи технологии (прецизно земјоделство и дигитално земјоделство) во процесот на земјоделско производство во Северна Македонија. Како член на ICAERUS конзорциумот, АгФутура Технологии ќе го сподели своето знаење со уште 12 европски партнери.
Проектот ICAERUS (Иновации и градење Капацитети во Земјоделски Еколошки и Рурални Дронски Услуги) е финансиран од програмата за финансирање на истражување и иновации Хоризонт Европа, под покровителство на Европската Комисија и ЕУ.
Проектот започна од 1 јули 2022 година и ќе трае во следните 4 години. Фокусот на проектот е потенцијалот на беспилотните летала како повеќенаменски возила – имајќи ги предвид ризиците и додадените вредности поврзани со употребата на дронови во процесите на земјоделско производство.
Беспилотните летала можат да дадат важен придонес во голем број стратегии на Европската комисија за обезбедување на безбедноста на храната, справување со климатските и еколошките предизвици и намалување на загубата на биолошката разновидност. Повеќенаменската примена на дронови носи социо-економски, еколошки и регулаторни предизвици кои ја ограничуваат нивната моментална употреба низ Европа.
Визијата на ICAERUS е да ги истражи можностите и да обезбеди поцелосна и меѓусебна поврзаност за потенцијалот и влијанието на беспилотните летала како повеќенаменски возила во земјоделството, шумарството и руралните области на ЕУ. Целта на ICAERUS е преку ефективна примена да го прикаже и поддржи ефикасното и безбедно распоредување на дронови, како и да ги идентификува ризиците и додадените вредности поврзани од нивната употреба.