Реализирана значајна одредница: Успешно спроведена Втората Фаза на активности од проектот Дигитализација на фарми во земјите на Западен Балкан

Date: 26.01.24

Written By: Darko Jancheski

Во октомври 2023 година започна проектот за промовирање одржливи земјоделски практики во балканскиот регион преку имплементација на дигитални решенија за модерно земјоделство наречен „Дигитализација на фармите во земјите на Западен Балкан“ . Предводен од АгФутура Технологии проектот има за цел да обезбеди значаен увид, да го поттикне усвојувањето на најдобрите практики и да ја подобри ефикасноста на управувањето со фармата. Со намалување на загубите и трошоците, зголемување на приносите и максимизирање на профитот — иницијативата се стреми да придонесе за севкупниот напредок на земјоделството во Западен Балкан. Овој проект е заеднички труд на USAID Economic Development, Governance, and Enterprise Growth [EDGE] проектот (имплементиран од страна на International Development Group), USAID North Macedonia Partnership for Economic Growth Activity (имплементиран од страна на Palladium Group), и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

Втората Фаза на Активности која е наречена „Анализа на продуктивност и обука“ претставува една од шесте фази кои се дел од проектот. Оваа фаза опфаќа задачи од Работниот пакет бр.1 (Свесност, Едукација и Обуки) и Работниот пакет бр.2 (Анализа на продуктивност, GPS-коригирани екстракции на почвени примероци и нивна анализа).

Овој извештај опфаќа клучни активности за почетокот на проектот. Ја анализираме продуктивноста со креирање мапи врз основа на перформансите на земјоделските култури од 2016-2023 година на одредени локации (карта на продуктивност). Ние, исто така, користиме ГИС софтвер за поделба на полињата врз основа на карактеристиките на почвата (ограничување на зоната на управување), користејќи податоци од Првата Фаза на активности.

Успешно ја спроведовме втората тренинг сесија, опфаќајќи теми како што се откривање жаришта, следење на здравјето на културите и.т.н. Во исто време, развивме материјали кои поддржуваат трансфер на знаење, објаснувајќи алатки и хардвер за напредни земјоделски технологии.

Во следните чекори, планираме да создадеме план за управување со почвата за подобар принос на културите, спречување на ерозија, управување со водите, зачувување на биолошката разновидност и одржливост.

Проектот „Дигитализација на фармите во земјите на Западен Балкан“ има за цел да ги едуцира земјоделците во земјите на Западен Балкан за дигитални технологии и оптимизација на земјоделското производство. При мониторингот и советодавните услуги се потпираме на далечинскиот систем за следење и советување на земјоделството (RAMAS), притоа подобрувајќи го знаењето на земјоделците и технолошката подготвеност за донесување одлуки во земјоделското производство.

 

 

 

Овој проект е финансиран од:

 

?>