Тридневен настан: Генерално собрание на CARBONICA и придружни настани за напредок и иновации во полето на намалување на јаглероден отпечаток во земјоделство

Date: 19.04.24

Written By: Darko Jancheski

Второто Генерално Собрание на CARBONICA, проект фокусиран на усовршување на намалувањето на јаглеродниот отпечаток во земјоделство, се одржа на 18 април 2024 година, во Скопје, Северна Македонија. Претставници од Кипар, Грција и Северна Македонија се осврнаа на досегашниот напредок, а воедно беа направени детални планови за идните чекори. На состанокот беше истакната силната соработка меѓу партнерите и посветеноста за унапредување на практиките за намалувањето на јаглеродниот отпечаток во земјоделство.

Два дополнителни настани го придружуваа Собранието: Дијалогот на засегнатите страни за намалување на јаглеродниот отпечаток на земјоделството на 17 април 2024 година, организиран од АгФутура Технологии и Тренинг Сесија на 19 април 2024 година, на експерименталните полиња на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Агендата на Дијалогот со засегнатите страни беше преполна со теми кои поттикнуваа размислувања насочени кон справување со јаглеродниот отпечаток во земјоделско-прехранбен сектор. Беа одржани две тркалезни маси, на кои засегнатите страни разговараа за иднината на практиките за намалување на јаглеродниот отпечаток во земјоделство, при што беа посочени и иновациите во ова поле. Обуката се фокусираше на CARBONICA алатникот за земање примероци и теренски мерења.

CARBONICA има за цел да ја поттикне соработката и иновациите за намалување на јаглероден отпечаток во земјоделство во Кипар, Грција и Северна Македонија, имајќи го CARBONICA Excellence Hub-от (CEH) во јадрото на своето постоење. Проектот е посветен на одржливоста и има за цел да ги трансформира практиките за намалување на јаглероден отпечаток во земјоделството, а како краен резултат би имале позелена иднина.

image-block

image-block

image-block

?>