АГФТ учествуваше на „Конференција за ПАМЕТНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – Иднината на земјоделството и руралниот развој“

Date: 16.11.22

Written By: Darko Jancheski

Македонија е земја на информатичари и веќе има иницијативи на пазарот за примена и развој на информатичките технологии во земјоделството, но тоа не е доволно за забележителни социо-економски ефекти, потенцираа учесниците на конференцијата за паметно земјоделство организирана од Земјоделски институт – Скопје.

Конференцијата, која ги собра на едно место академските кругови, земјоделските производители, надлежните институции и студентите, го отвори прашањето како земјоделството преку примена на ИТ и нови модерни бизнис модели може да стане привлечно за младите во земјава.

Една од главните поенти на настанот беше фактот дека новите технологии не треба да се имплементираат само затоа што тоа е тренд, туку за да се решаваат постојните проблеми.

Многу значајни учесници ги споделија своите размислувања, ставови и знаења на овој собир, вклучително и претставници од академскиот сектор предводени од раководството на Земјоделскиот институт – Скопје, потоа Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на С. Македонија и други релевантни личности од областа на земјоделството, информатичката наука и економијата.

Г-дин Благоја Муканов, извршен директор на АгФутура Технологии, еден од пионерите во секторот за паметно земјоделство во С. Македонија, зборуваше на тема „Далечинско сензорско мерење како алатка за подобрување на земјоделските бизнис позиции во глобалниот земјоделско-прехранбен сектор“. Со супериорност во прибирањето на податоци и модерните технологии, како и висококвалификуваните експерти – АгФутура Технологии се стреми кон развивање и обезбедување на најсигурни услуги и производи за нашите партнери во земјоделскиот сектор и прехранбената индустрија. Позиционирајќи се на пазарот на земјоделски консултантски и ИТ услуги повеќе од 6 години, АгФутура Технологии низ напорна работа успеа да се избори и да дојде до заслуженото место на лидер во овој сектор во Република С. Македонија и регионот.

Овој настан беше прекрасно искуство и уживавме во секој негов миг. Тимот на АгФутура е благодарен за поканата да има свој претставник меѓу говорниците на овој настан. Тоа беше добра можност да го прикажеме нивото на експертиза кое го стекнавме со годините, а имавме и шанса да ја претставиме нашата тековна работа како и нашите планови за иднината. Нашиот морал и мотивација за напредување, усовршување и пренесување на знаењето од областа на паметното земјоделство се сѐ поголеми со секој настан на кој земаме учество. Тоа ни дава уверување дека досегашниот труд не е залуден и дека резултатите кои ги оставаме позади нас се беспрекорни, а сега само ги собираме плодовите од нашата напорна работа.

Тимот на АгФутура Технологии би сакал да им се заблагодариме на организаторите на овој настан. Секогаш сме подготвени за соработка со секој кој има потреба од подетален увид во секторот за паметно земјоделство во С. Македонија и сме желни да го споделиме нашето знаење, особено со цел да ја информираме и едуцираме младата генерација за најновите трендови од областа на дигиталното и прецизното земјоделство.

 

 

?>