АгФутура Технологии меѓу говорниците на настан организиран од ФИТР

Date: 09.10.23

Written By: Darko Jancheski

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), во соработка со Меѓународниот Балкански Универзитет, во склоп на Еразмус+ програмата, го организираше настанот „Sustainability and Climate Change – International Perspective”. Настанот се одржа на 06 Октомври 2023 (петок) со почеток во 10:00 часот во просториите на ФИТР.

Гости на настанот беа претставници и студенти од три универзитети: Универзитетот за применети науки Мителхесен од Германија, ТТК Универзитетот за применети науки од Естонија и Коимбра Институтот за инженерство од Португалија.

Овој настан имаше за цел да ги едуцира студентите од аспект на одржливост, екологија, зелена економија и бизнис и слични теми поврзани со климатски промени и заштита на животната средина преку предавања на овие теми, како и да се оствари вмрежување помеѓу компании и институции.

Аг Футура Технологии, како успешна компанија која работи во оваа облст, беше поканета и зема активно учество со 10-минутна презентација во која беше претставена самата компанија, а воедно беа презентирани и двата проекти на кои работеше компанијата а беа поддржани од ФИТР.

Честа да ја презентираат Аг Футура Технологии пред присутните и да споделат искуства од проектите им припадна на нашите колешки Надица Анѓушева и Јована Милосављева.

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

?>