Проектот ВАЛЕРЕКО претставен на 92-риот Меѓународен Саем за Земјоделство во Нови Сад
Date: 23.05.25
Written By: Darko Jancheski
Со гордост објавуваме дека проектот ВАЛЕРЕКО беше претставен на 92-рот Меѓународен земјоделски саем во Нови Сад, Србија, еден од најзначајните агро-настани во Југоисточна Европа. Настанот понуди одлична платформа за истакнување на мисијата на проектот и споделување на неговиот иновативен пристап со земјоделци, истражувачи и засегнати страни од целиот регион.
ВАЛЕРЕКО (Валоризација на Екосистемските Услуги Поврзани со Легуминозните Култури) е иницијатива финансирана преку програмата Хоризонт Европа, фокусирана на промоција на интеграцијата на мешунките во европските земјоделски системи. Легуминозните култури играат клучна улога во градењето на климатски отпорно, биолошки разновидно и одржливо земјоделство – преку подобрување на здравјето на почвата, намалување на зависноста од синтетички ѓубрива и зголемување на протеинската независност во ЕУ.
Со конзорциум составен од 15 партнери од 11 земји, ВАЛЕРЕКО е структуриран околу девет Лаборатории (Living Labs), сместени во различни педо-климатски региони. Овие лаборатории се вистински тест-полиња каде што земјоделци, научници, креатори на политики и претставници од индустријата заеднички ко-креираат практични, економски одржливи и еколошки прифатливи решенија за производство засновано на мешунки.
Со своето учество на саемот во Нови Сад, проектот ВАЛЕРЕКО, претставен од тимот на Аг Футура Технологии, оствари широка комуникација со публиката, размени искуства и идеи, со што ги зајакна можностите за соработка на Балканот и пошироко.
🌱 Дознајте повеќе за ВАЛЕРЕКО и следете го нашиот пат кон покружно и одржливо европско земјоделство на valereco.eu