Земјоделците и индустријата за ѓубрива сплотени во обидот за одржливо земјоделство
Date: 14.07.23
Written By: Darko Jancheski
Во обидот за интегрирање на валоризацијата на био-отпадот во земјоделството преку создавање на нови кружни и био-базирани синџири на вредности: партнерите на проектот BFERST организираа состанок во Казерта, 6-7 јули.
AGFT ги презентираше активностите спроведени во рамките на WP6 во изминатите 6 месеци и ги најави следните чекори.
Учесниците имаа можност да го посетат истражувачкиот центар „Новамонт“ во Пијана ди Монте Верна и да присуствуваат на работилницата на BFERST во Пјетрамелара фокусирана на Производи и решенија за фармерите: Територијални проекти.