Почетен состанок на КАРБОНИКА (08 и 09 февруари 2023 година) ДЕН #1

Date: 08.02.23

Written By: Darko Jancheski

Датум: 08 и 09 Февруари 2023

Место: Солун, Грција

Координатор на проектот: Foodscale Hub (FSH), Грција

Програма: Хоризонт Европа

 

Успешно започнување на проектот КАРБОНИКА на Хоризонт Европа програмата!

Почетна средба се одржа на 08 и 09 февруари во Солун, со присуство и поддршка од сите проектни партнери.

Сите учесници земаа активна улога на состанокот за воспоставување на правецот на дејствување кон усогласување на иновациите со екосистемите за складирање на јаглерод во Грција, Кипар и Северна Македонија.

На состанокот се разговараше за многу теми, меѓу кои: нискојаглеродна економија, циркуларна економија, иновации и нови технологии во земјоделскиот сектор, зелена економија и претприемништво, алатки за јавно финансирање и можности за приватни иницијативи.

?>