Полирурал Х2020 – Примена на моделирање на системска динамика (SDM) за регионално предвидување
Date: 13.01.22
Written By: Darko Jancheski
Датум: 11 Јануари 2022
Тип: Документ
Координатор на проектот: CESKA ZEMEDELSKA UNIVERZITA V PRAZE (CULS)
Програма: Хоризон2020
Проектот Полирурал Х2020 е пионер во примената на моделирање на системската динамика (SDM) за регионално предвидување.
Во тек се неколку експерименти поврзани со примената на SDM во 12 пилоти на проектот, а некои прелиминарни резултати веќе може да се објават.
Еден од најважните резултати досега е развојот на основен модел на системска динамика за руралните региони, базиран на 8 меѓусебно поврзани модули кои содржат над 300 параметри. Првичните резултати укажуваат на корисноста на оваа алатка за додавање опиплива вредност на регионалното планирање и анализата за предвидување за руралните области.
Дознајте повеќе информации за досегашните резултати на овој ЛИНК.