Теренска активност: Сеидба на јачмен во рамки на проектот КАРБОНИКА

Date: 26.11.24

Written By: Darko Jancheski

На 20 ноември 2024 година, партнерите на проектот КАРБОНИКА, Аг Футура Технологии и Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, успешно ги реализираа планираните активности на експерименталните полиња во селото Амзабегово.

Во рамките на втората година од експериментот, беше извршена сеидба на јачмен како експериментална култура. Главната цел е споредба на ефектите од различни земјоделски практики: конвенционални и практики на земјоделство со намалени количини на јаглеродни емисии. На конвенционалниот дел беше извршено ѓубрење со уреа (46%). На полињата каде се применуваат практики на земјоделство со намалени количини на јаглеродни емисии, беше аплициран биостимулатор со користење на дрон.

Дополнително, јачменот беше засаден и како покривна култура на сончогледот, како дел практиките на земјоделство со намалени количини на јаглеродни емисии.

Како дел од истражувачкиот експеримент, на крајот од вегетацискиот период ќе се спроведат анализи на почвата и приносите. Целта е да се утврди влијанието на применетите практики врз нивото на складиран јаглерод, агрономските карактеристики на јачменот и одржливоста на производството.

Овие активности се дел од визија на проектот КАРБОНИКА за поддршка на јаглеродното земјоделство како решение за одржливо производство и намалување на емисиите на стакленички гасови.

?>