Ви го претставуваме новиот производ на АгФутура: Специјализиран дигитален портал од областа на земјоделството и прехранбената индустрија

Date: 25.05.21

Written By: Darko Jancheski

Голема чест ни е да ви го претставиме најновиот производ на АгФутура Технологии: „Моја Фарма“ е специјализиран дигитален портал од областа на земјоделството и прехранбената индустрија.

Целта на овој дигитален простор е да обезбеди навремени и веродостојни информации за сите засегнати страни (индивидуални фармери, корпоративни фарми, креатори на политики, научната фела и експертите) кои го создаваат амбиентот во агро-прехранбениот сектор. Една од главните цели на овој портал е да ги донесе модерните земјоделски технологии и практики, економијата и бизнисот во земјоделството до сите заинтересирани групи преку користење на современи дигитални алатки.

За повеќе информации и најнови вести од областа на земјоделството и прехранбената индустрија, посетете ја официјалната веб-страница www.mojafarma.mk !

 

?>