Извршниот директор на АгФутура Технологии се сретна со претставници на шпанската компанија АгриСат Иберија
Date: 11.07.22
Written By: Darko Jancheski
Со задоволство сакаме да го објавиме нашето партнерство со еден од пионерите во Шпанија во користењето на сателитски снимки применети во земјоделството, АгриСат Иберија.
Агрисат Иберија е компанија која е основана како резултат на кохезивноста помеѓу земјоделскиот сектор и иновативните технологии. На пазарот е повеќе од 10 години. Услугите што ги нуди Агрисат Иберија се од советодавен карактер, што дава значаен придонес во развојот на земјоделството.
Агрисат Иберија е пионер во Шпанија во употребата на сателитски снимки применети во земјоделството (Remote Sensing). Нивната понуда вклучува нови земјоделски услуги преку кои можете да го набљудувате и измерите, од различна гледна точка, растот и развојот на вашите култури, и сето тоа преку нивниот софтвер AgriSatwebGIS.
АгФутура Технологии како лидер во секторите на дигитално и прецизно земјоделство (и на национално и на балканско ниво), беше препознаена, контактирана и ѝ беше овозможена ексклузивна можност да биде партнер и претставник на технологиите на Агрисат Иберија за целиот Балкански Полуостров.
Од сега па натаму, АгФутура Технологии во соработка со Агрисат Иберија активно ќе ги нуди своите агротехнички, технолошки и советодавни услуги на територијата на целиот Балкан. Тука сме да понудиме поддршка во повеќе области, како во областа на земјоделството и шумарството, така и во областа на руралниот развој воопшто.
Многу сме горди на соработката со ваков иновативен партнер кој своето знаење ќе го пренесе на Македонија и на Балканот!