Проценка на технолошки
капацитет на фарма

АгФутура Технологии врши проценката на технолошкиот капацитет на фарма   врз основа на сопствена методологија базирана на дигитални технологии,  која опфаќа анализа на искористеноста на земјишниот, климатскиот, како и потенцијалот на инфраструктурата на една фарма.

Анализа на почва

Преку сертифицирани методи  за анализа на физичките, хемиските и биолошките карактеристики на почвата го утврдуваме потенцијалот на почвата за одгледување на широк спектар на култури.

Топографија

Со  дигитални методи на анализа на земјишна површина овозможуваме јасен увид на површината, елевацијата, наклонот, и ориентацијата со цел оптимизација на агротехничките операции.

Категоризација на земјиште

Врз основа на јасно дефинирани параметри вршиме класификација на земјоделските површини во една фарма според нивниот оптимален капацитет, начинот на алокација на ресурси и земјоделските практики кои треба да се применат.

Анализа на воден капацитет

Вршиме проценка на достапност до вода, можности за складирање на вода, како и проценка на  оптимално користење на вода за земјоделски потреби.

Анализа на квалитет на вода

Ги  утврдуваме физичките, хемиските и биолошките карактеристики на водата со цел водниот капацитет да се стави во оптимална употреба како и да се задоволат критериумите за безбедност на храната.

Проценка на капацитетот на системот за наводнување

Вршиме анализа на способноста на постојните системи, како и на  нови системи  за наводнување, во насока на задоволување на потребите на земјоделското производство на една фарма.

Проценка на тековна состојба, ефективноста и адекватноста на објектите, механизацијата и друг тип на опрема кој се користи во функција на земјоделските операции во една фарма.

Проценка на економски капацитет на фарма

АгФутура Технологии врши проценката на економскиот капацитет на фарма со цел одредување на ефективноста и ефикасноста во работењето и јасно дефинирање на потенцијалот и правците за раст и развој на една фарма.

Економска анализа, буџетирање и прогнозирање

Преку специфични методи за економска анализа на фарма вршиме проценка за бонитетот на фармата и нејзиниот капацитет да се финансира од сопствени или надворешни извори во насока на модернизација како клуч за развој.

LCA – Анализа

Применуваме специфична изградена методологија на LCA за фарми со цел проценка на влијанието на земјоделските операции врз животната средина фокусирајќи се на предизвиците од типот на биодиверзитет, контаминација на почва и емисија на стакленички гасови.

Агро-бизнис стартегија и план за имплементација

АгФутура Технологии нуди услуги за анализа, планирање и советување во агробизнис, базирана на интердисциплинарна методологија преку која на клиентите им се овозможува сеопфатно да ги идентификуваат, формулираат и имплементираат стратегиите во агробизнисот со цел да постигнат поголема продуктивност и профитабилност.

Поддршка за финансирање на фирми

Аг Футура технологии нуди услуга за идентификација на извори за финансирање и подготовка на апликација преку методи на финансика нанализа и планирање, управување со ризици и поддршка по завршување на периодот на финансирање.

Достигнувања на полето на агробизнис развој

BFERST

https://bferst.eu/

Развој на бизнис-модели за ново развиените био-базирани ѓубрива.

CITIES2030

https://cities2030.eu/

Обезбедување на консултантски услуги за зголемување на капацитетите за експлоатација и бизнис моделирање.

Следливост во земјоделско-прехранбениот синџир: Случај на Западен Балкан и Централна Азија“

студијата е изготвена од „АгФутура Технологии, поддржана од „ГИЗ“ во име на германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ).

CARBONICA

https://carbonica-hub.eu/

Обезбедување на поддршка во развој на бизнис, забрзување, комерцијализација и интернационализација.

Поледелство Ерџелија

Изработка на финансиска и агротехнолошка анализа за бизнисот.