Центар за дигитално земјоделство
Центарот за дигитално земјоделство на АгФутура Технологии има за цел да биде во тек со најновите достигнувања во земјоделската технологија и агробизнисот.
Стручниот тим на АгФутура, во склоп на Центарот за дигитално земјоделство, соработува со широка мрежа на меѓународни експерти, фокусирајќи ги своите напори во три клучни области:
Развиваме, тестираме и еваулираме различни типови на технолошки и технички решенија од областа на агрономијата, агроекономијата и дигиталното земјоделство.
Развиваме и реализираме редовни и специјализирани програми за едукација во областа на технологија на земјоделско производство поддржано со дигитални технологии, стручно прилагодени на целната група.
Развиваме и одржуваме база на специфични податоци од областа на земјоделството кои ја опишуваат технолошката, социоекономската и бихејвиористичката состојба во секторот.