D1.8 Методологија на идни изгледи
Date: 27.09.22
Written By: Darko Jancheski
Развојот на Идни Изгледи е важен чекор во секоја од 12-те регионални вежби за предвидување на проектот POLIRURAL. За цели на проектот, истражувањето на идните изгледи засновано на употреба на сценарија, кореспондира со Policy Options анализите за постигнување конкретни цели или за справување со конкретни предизвици кои се вклучени во акцискиот план, што претставува суштински резултат од процесот на Предвидување. Конкретно, оваа работа обезбедува лабораторија во која може да се тестира употребата на системско динамичко моделирање, како начин за споредување на различни опции за политика. Сепак, пред да се навлезе во методологијата, корисно е да се потсетиме на севкупната цел на проектот, како тоа треба се постигне и што научивме откако започна проектот.
Една од целите на проектот POLIRURAL е да се истражи феноменот на „новодојденци“ како фактор за одржливиот раст и развој на руралните економии. Преземениот пристап се заснова на серија од 12 регионални иницијативи за предвидување, во ЕУ и соседните земји. Регионалните вежби за предвидување се водат како независни вежби. Секоја е водена од специфичните потреби на секој регион. Во секој случај, процесот и редоследот на настаните се засноваат на распоред определен од локалните услови во соработка со главните засегнати страни. Целта е секоја од 12-те вежби да произведе визија, акционен план и шема кои се:
• поддржани од главните чинители во економскиот и социјалниот живот во регионот,
• усвоени од главните актери во регионалната администрација, кои ќе обезбедат извршување на акциониот план и реализација на визијата, врз основа на временскиот распоред наведен во шемата.
Секоја од овие вежби за предвидување е наменета да обезбеди реална средина во која ќе се истражуваат:
• концепти како што се „новодојденци“ во руралните регионални економии,
• поврзани концепти како што се „рурална привлечност“,
• употреба на Text Mining алатки за продуктивност во извршувањето на регионалното предвидување,
• употреба на системско динамичко моделирање како алатка за ангажирање на засегнатите страни и учење од различни групи за динамиката на сложените социо-економски системи.
За повеќе информации отворете го ПДФ документот: