Систем за далечинско мониторирање и советување во земјоделството

РАМАС системот е развиен и спроведен од страна на АГФТ со цел подобрување на земјоделското производство, интегрирајќи напредни дигитални технологии за да обезбеди прецизни услуги за мониторирање и советување во реално време. Со користење на сензорни конфигурации како што се метеоролошки станици, сензори за почва и стапици за штетници, комбинирани со податоци од беспилотни летала, сателити и анализи на почвата, РАМАС обезбедува сеопфатни проценки за здравјето на културите, исхраната и хидратацијата низ различни видови на фарми и видови на производство.

Системот РАМАС се состои од 6 програми:

  1. Програма Почва
  2. Програма Сеидба
  3. Програма Фито
  4. Програма Нутри
  5. Програма Ири
  6. Програма Жетва

Tимот на АгФутура Технологии создава решенија фокусирани кон ефикасно советување на земјоделците при донесување на одлуки за зголемување на продуктивност и профитабилност со цел обезбедување на континуиран раст и развој на еден современ земјоделски бизнис.

  • /

ПРОЦЕНКА НА ТЕХНОЛОШКИ КАПАЦИТЕТ

АГФТ врши проценката на технолошкиот капацитет на фарма врз основа на сопствена методологија која опфаќа анализа на искористеноста на почвата, инфраструктурата и технологијата на едно земјоделско стопанство. Анализата на земјоделскиот капацитет вклучува испитување на почвата, топографијата и категоризацијата на земјиштето, со цел оптимизација на агробизнис операциите преку прецизно дефинирани параметри и ресурси. Дополнително, се врши оценка на водните ресурси, и се анализира инфраструктурата и опремата за да се процени нивната состојба, ефективност и адекватност во поддршка на земјоделското производство.

ПРОЦЕНКА НА ЕКОНОМСКИ КАПАЦИТЕТ

АГФТ врши проценка на економскиот капацитет на фармите, обезбедувајќи темелна слика за нивната ефикасност, ефективност и развојни можности. Проценката на економскиот капацитет на фарма вклучува финансиска анализа, анализа на бизнис моделот и маркетинг анализа, кои овозможуваат јасно дефинирање на потенцијалот на фармата, овозможувајќи донесување на стратешки одлуки за идни инвестиции и активности.

 

АгФутура применува методологија на екстракција на почвени примероци со прецизно дефинирани ГПС точки. Примероците од почвата се анализираат во акредитирана лабораторија (MKS EN ISO/IEC 17025:2018). Преку анализа на хемиски, физички и биолошки карактеристики на почвата заедно со историски податоци за вегетација, се создаваат дигитални почвени мапи со управувачки зони. Мапите се основна информација во креирање на стратегија за прецизно земјоделство и оптимална одржливост на почвата како главен ресурс.

Програмата се состои од следните модули:

1. Модул: Геореферентна екстракција на почвени примероци
2. Модул: Изработка на хемиска, физичка и биолошка анализа на почва
3. Модул: Изработка на геореферентни почвени мапи со управувачки зони

Кои се предностите од користење на оваа програма?

– Јакнење и одржување на здравјето на почвата
– Прецизна детекција на почвени аномалии и намалување на ризици (киселост и салинизација, компактност, ерозија, задржување на вода и друго).
– Предуслов за воведување на прецизно земјоделство – технологија на варијабилна стапка (VRT – Variable Rate Technology)

 

Сеидба е програма која опфаќа имплементација на технологија на варијабилна стапка со цел стратешки правилна апликација на семиња со претходно изготвените зони на управување и мапи на принос. Програмата вклучува препорака за количество на семе за сеидба во секоја управувачка зона, со оптимален простор за раст и развој на растенијата според потенцијалот на управувачката зона.

Програмата се состои од следниот модул:

1. Модул: Препорака за количество на семе по зони
2. Модул: Мапа на зони за имплементација на технологија на варијабилна стапка за семе

Кои се предностите од користење на оваа програма?

– Предуслов за зголемен принос
– Намалено количество на употребено семе во однос на принос
– Намалено користење на други ресурси (гориво и работна сила)
– Хомогенизација на посеви

Оваа програмата опфаќа систем на дигитално следење на здравјето на растението и имплементација на варијабилна стапка во процесот на заштита на растението.
Преку анализа на сателитски и дронски снимки, како и агроклиматолошки податоци – навремено се детектирaат отстапувања од нормалниот раст и развој на растението. Решението содржи извештај за здравствен статус на растенијата и геореферентни локации на потецијални жаришта и совет за заштита на растенија.

Програмата се состои од следните модули:

1. Модул: Идентификација и изработка на мапа за болести и штетници
2. Модул: Мапа на зони за имплементација на технологија на варијабилна стапка за пестициди
3. Модул: Дронско аплицирање на пестициди

Кои се предностите од користење на оваа програма?

– Рана детекција на стрес од болести и штетници
– Намалени трошоци за заштита на растенија
– Одржливост и намален ризик од загадување на екосистемот
– Прецизно определување на настаната штета од болест или штетник

Оваа програма нуди целосна поддршка во управувањето со исхрана на растенија. Врз основа на видот на културата која што се одгледува, агроклиматските услови и почвените карактеристики се создаваат управувачки зони за варијабилна апликација на ѓубрива. Програмата содржи анализа на продуктивност на земјоделска површина, зонирање на земјоделска површина, совет за количина и тип на ѓубриво.
Со помош на сателитски и дронски снимки, во текот на вегетацискиот период, прецизно се утврдува потребата и количината на ѓубриво за прихрана придонесувајќи кон оптимален раст и развој.

Програмата се состои од следните модули:

1. Модул: Проценка на состојбата на почвата, одредување на потреби на растенија и развојна стратегија за ѓубрење
2. Модул: Мапа на зони за апликација на ѓубрива
3. Модул: Корективна мапа за прихрана во текот на вегетација на растение

Кои се предностите од користење на оваа програма?

– Хомогенизација на плодноста на почвата и превенција на дисбаланс на хранливи елементи
– Оптимизирана апликација на ѓубрива и потенцијално зголемување на принос
– Намалување на трошоци и ефикасна употреба на ресурси
– Зголемено здравје на почва и намалено негативно влијание врз животната средина

 

Оваа програма опфаќа имплементација на варијабилна стапка во наводнување преку мапа за иригација за претходно дефиниран временски интервал.
Процесот на советување вклучува континуирана дијагностика на агро-климатските услови преку метеоролошки податоции и сателитски снимки. Решението содржи препорака за количество на аплицирана вода според потребите на културата и стратегијата на производството (индуциран воден стрес).

Програмата се состои од следните модули:

  1. Модул: Дијагностика на хидрациски статус на растението – евапотранспирација
    2. Модул: Мапа за наводнување – потребно количество на вода и број на работни часови на системот за наводнување
    3. Модул: Проверка на ефикасност на системи за наводнување

Кои се предностите од користење на оваа програма?

– Оптимизација на користена вода
– Заштеда на електрична енергија
– Подобрување на здравје на културата и зголемување на продуктивноста на растението
– Предуслов за зголемен принос
– Подобро справување со абиотски стрес на растението

Оваа програма нуди Стратегија за започнување на жетва преку следење на културите во последните фази од нивниот развој и точно одредување на економската зрелост.

Програмата се состои од следните модули:

1. Модул: Дијагностика (одредување на влага во зрно, хектолитарска тежина)
2. Модул: Создавање на геореферента мапа на жетва

Кои се предностите од користење на оваа програма?

– Максимален принос и квалитет на родот
– Намалување на ризик од загуби при жетва
– Намалување на ризик од штета при складирање на жетва