Генерално Собрание На КОДЕКС 12-14 Декември 2023
Датум: 28.12.23
Објавено од : AgFutura
Аг Футура Технологии присуствуваше на Генералното собрание на проектот КОДЕКС што се одржа во Алмерија, Шпанија на 12-ти, 13-ти и 14-ти декември 2023 година, чиј домаќин беше Универзитетот во Алмерија.
Примарната цел на Собранието беше да се обезбеди преглед на проектот, да се претстави неговиот напредок и да се анализираат претстојните чекори на КОДЕКС. Дополнително, настанот имаше за цел да го подобри вмрежувањето и соработката меѓу партнерите од конзорциумот.
Настанот започна со поздравен говор и сеопфатен преглед на проектот. Остатокот од воведниот ден беше посветен на презентации на работни пакети, вклучително и демонстративна тренинг сесија и вежба за консолидација на теоријата. Во понатамошниот тек, беше вклучена и презентација за претстојните чекори во проценката на трошоците и придобивките од технологијата за дигитализација. Врвот на денот беше посетата на демо фарма, со што се укажа драгоцена можност да се види интеграцијата на дигиталните технологии во производствените капацитети и експерименталните локации. Денот заврши со повратни информации од „Living Labs“ учесниците за годишно спроведените работилници.
Аг Футура Технологии, како еден од партнерите во конзорциумот, со својот придонес има значајна улога во самиот проект. Нашата „Living Lab“ (РАМАС) е клучната истражувачка единица во КОДЕКС која обезбедува информации за сите работни пакети со собирање податоци, анализа, известување, валидација и ко-креирање. АГФТ, исто така, придонесува за развојот на Алатник за проценка на дигиталната технологија, поконкретно алатка за проценка на технологијата наменета за корисниците.
Проектот КОДЕКС или „Максимизирање на придобивките од дигитализацијата на земјоделството преку погодни дигитални екосистеми“ е финансиран од програмата Хоризонт Европа, со времетраење од четири години (2022-2026). Конзорциумот се состои од 31 партнер од 20 земји. Со проценка на цела палета на општествени, економски и еколошки трошоци и придобивки, платформата КОДЕКС ќе биде местото каде што ќе можат да се најдат сите алатки за пребарување, демонстрација и проценка.
КОДЕКС има за цел да ја унапреди одржливата дигитализација преку развивање методи, алатки и докази за да го подобри нашето колективно разбирање, проценка и предвидување на придобивките и трошоците од дигитализацијата на фармите. Проектните иницијативи поттикнуваат појава на дигитални екосистеми кои ги максимизираат придобивките од дигитализацијата за сите. КОДЕКС изгради мрежа од 21 „Living Labs“, составена од земјоделци, посредници на знаење, засегнати страни и креатори на политики, за да се справат со новите земјоделски предизвици, да го проценат влијанието на дигиталните технологии врз економските, социјалните и еколошките резултати и да обезбедат вредни сознанија за информирање на креирањето политики и поддршка на одржливите земјоделски практики.