GeoSense во обиколка на демонстративните локации во Северна Македонија за потребите на проектот ICAERUS
Date: 10.10.23
Written By: Darko Jancheski
Демо активностите започнаа! Нашиот партнер на проектот ICAERUS – GeoSense од Грција, неодамна ги посети сите демонстративни локации во Северна Македонија. На оваа посета, двете организации, GeoSense и домаќинот AGFT се погрижија да бидат задоволени сите логистички потреби и ги подготвија сите демонстративни локации.
Визијата на ICAERUS е да ги истражи можностите и да обезбеди поцелосна и меѓусебно поврзана евалуација за потенцијалот и влијанието на беспилотните летала како повеќенаменски возила во земјоделството, шумарството и руралните области на ЕУ.
Целта на ICAERUS е да го прикаже и поддржи, преку примена, ефективно, ефикасно и безбедно распоредување на беспилотните летала, како и да ги идентификува ризиците и додадените вредности поврзани со нивната употреба.
Посетата на GeoSense на Северна Македонија беше значаен чекор во обезбедување на успех на проектот. За време на посетата, двете партнерски организации договорија средба со Агенцијата за Цивилно Воздухопловство и имаа детален разговор за законската регулатива за користење на беспилотни летала на територијата на државата.
AGFT, со своето познавање на локалниот пејсаж и логистика, ги водеше претставниците на GeoSense до конкретните локации во Струмица и Охрид и иницираше состаноци со локалните чинители каде што ќе биде демонстран проектот.
Присуството на GeoSense во Северна Македонија не само што ги зајакнува врските меѓу проектните партнери, туку носи и значајна експертиза во целиот проект. Како што проектот напредува, увидите и придонесите на секој партнер ќе играат значајна улога во унапредувањето на целите на ICAERUS.
Оваа посета е само почеток на она што ветува плодна соработка помеѓу GeoSense, AGFT и поширокиот проектен конзорциум ICAERUS.