III Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“
Date: 16.11.22
Written By: Darko Jancheski
Минатиот петок, во просториите на Земјоделскиот факултет при УГД „Гоце Делчев“ во Штип, се одржа Третата Студентска конференција насловена „Критични прашања во земјоделството и животната средина“.
Тимот на АгФутура Технологии зема активно учество на овој настан со свои претставници. Денот помина во убава атмосфера, впрочем, убав настан со задоволни, среќни и насмеани лица. Се споделија искуства, се разменија контакти, се остварија нови пријателства, и што е најважно се отворија можности за нови соработки и практично усовршување на веќе стекнатите знаења на студентите.
Експертскиот тим на АгФутура со задоволство ги сподели своите информации, знаења и предлози со присутните. Се говореше на актуелни теми од земјоделско-прехранбениот скетор, предизвиците со кои се соочува истиот, но беа опфатени и теми од областа на екологијата и зачувувањето на животната средина.
Задоволни сме што веќе почнуваме да бидеме сериозен чинител и фактор во споделување на знаењето за земјоделско-прехранбениот сектор стекнато низ годините. Со задоволство ќе ја прифатиме секоја следна иницијатива за соработка со сите институции кои во нас гледаат релевантен фактор, односно експерти кои не се тоа само на хартија. Нашата експертиза и знаење имаат тежина, а тоа го докажуваат сѐ почестите покани за присуство на вакви суштински настани.
Задоволни и исполнети со пријатни чувства го напуштивме Земјоделскиот факултет во Штип, со надеж дека до следното заедничко дружење ќе продолжиме да споделуваме знаење, искуство и презентирање на тековните истражувања – со што врските со академските кругови, приватниот сектор и студентите само ќе се продлабочуваат.