ЦДЗ

Преглед на проектот

Главен координатор на проектот –  АгФутура Технологии

Финансирано од Фонд за иновации и технолошки развој – ФИТР

Времетраење на проектот – 1 година (01.09.2021-01.09.2022)

Предмет на овој проект е иновација на услуга инкорпорирана во ЦДЗ кој се состои од 3 клучни компоненти:

  • ЕДУКАЦИЈА за ДЗ и прецизно земјоделство (ПЗ) со висок степен на апликативност;
  • КОНСАЛТИНГ за воведување на ДЗ/ПЗ;
  • АГРОТЕХНИЧКИ УСЛУГИ за извршување на прецизни операции со користење на беспилотно летало.

Проектот ЦДЗ е мотивиран од неколку стратешки идеи. Прво, климатските промени изразени преку зголемени атмосферски температури и сезонско непредвидливи  количества на врнежи во текот на годината; Второ, зголемена појава на болести и штетници во комбинација со несоодветна примена на агротехнички мерки (заштита, исхрана и наводнување); Трето,  предизвикот да земјоделците ги сфатат апликативните и економските ефекти од примена на технологии за дигитално земјоделство. Одговорот на овие предизвици е преку трите димензии (едукација, консалтинг и агротехнички услуги) од кои се состои концептот на ЦДЗ.

Компонента ЕДУКАЦИЈА – Преку спроведување на едукативни процеси кои ќе се изведуваат на пилот фарма опремена со дигитални технологии гарантира висок степен на апликативност што ќе овозможи многу полесна абсорпција на една комплексна стручна материја. На овој начин се очекува потенцијалните клиенти многу полесно да ја увидат корисноста од употреба на овој тип на технологии и истите да ги применат во иднина.

Компонента КОНСАЛТИНГ – Преку нудење на услуги за консалтинг во процесот на воведување на ДЗ/ПЗ во агробизнисот во најразлични потсектори обезбедуваме поддршка за клиентите во процесот на донесување на одлука за овој тип на инвестиции. Имено, преку услугите за проценка на потребите, дефинирање на типот на опрема и поддршка при имплементација и користење ќе овозможиме многу полесна транзиција од конвенционален начин на производство кон модерен начин на производство поддржан со дигитални технологии.

Компонента АГРОТЕХНИЧКИ УСЛУГИ – Преку нудење на услуги за сеење, ѓубрење и заштита на растенија со помош на беспилотно летало поддржано со моменталните услуги за зонирање и ПЗ, АГФТ овозможува трансформација на земјоделското производство во правец истото да биде оптимизирано со капацитет да ги задоволи современите стандарди за безбедност на храна и заштита на животната средина.

Датум 01.09.2021


Клиент: AgFutura Technologies

Име на проектот: Centre for Digital Agriculture

Можеби ќе ве интересира