Поледелство Ерџелија
Преглед на проектот
Во 2017 година АгФутура започна со нова линија на услуги во областа на прецизно земјоделство. Оваа група на услуги вклучува софистицирано земање примероци од почва засновано врз сателитски податоци и екстракција на примероци од почва поддржани со најновите хардверски технологии. Вршејќи ги овие операции, ние сме поддржани од Геолошкиот институт на САД. Резултатите се анализираат преку најнапредните алгоритми кои доставуваат економски мапи со најголема прецизност. Пристапот што го користиме им овозможува на нашите клиенти да остварат најголем можен профит од расположивите ресурси на нивните фарми.
Во септември 2017 година, започнавме со нашиот прв проект во областа на земање примероци од почва и економско мапирање, опфаќајќи повеќе од 1000 ха земјиште наменето главно за производство на житни култури и индустриски култури. Максималниот дневен капацитет што можеме да го покриеме е приближно 400 ха.
Оваа група на услуги е поддржана со годишен мониторинг и консултации за извршените операции на нашите клиенти. Овој пристап гарантира резултати што се во согласност со дадените економски мапи.
За повеќе информации во врска со нашите услуги во областа на прецизно земјоделство – анализа на почвата и економско мапирање, следете го овој ЛИНК