РАМАС

Преглед на проектот

Развиен проект од АгФутура Технологии финансиран од ФИТР- Фонд за Иновации и Технолошки развој во Северна Македонија.

Фондот за иновации и технолошки развој е основан во декември, 2013 година, со цел да се поттикнат иновациите со помош на обезбедување на дополнителни ресурси за финансирање на иновации за да се изгради компетитивна економија базирана на знаење.

Приоритети и цели:

  • Подобрен пристап до финансиска поддршка за иновации и технолошки развој;
  • Промоција и поттикнување на иновациски активности во Северна Македонија

*За повеќе информации за ФИТР, посетете ја страницата www.fitr.mk

Што претставува РАМАС?

РАМАС или Систем за далечинско мониторирање и советување претставува дигитализација на веќе постоечките услуги на АгФутура. Ова е апликативно решение на интероперабилни конфикурации на IoT кои обезбедуваат податоци за мониторинг и советување на мали и големи фарми. РАМАС е иновација на услуга за мониторинг и советување на култури базирано на дигитални технологии. РАМАС е развиен за поддршка при донесување на одлуки за земјоделсккото производство базирано на голема количина на податоци од секоја фаза од земјоделското производство во вистинско време.

Главните атрибути на РАМАС кои претставуваат предност се прецизност и ажурност при советување.

Проектот ќе биде посветен на тестирање на концепт за утврдување на теза во вистинска земјоделска средина која е составена од голема фарма за производство на пченка (500 ха) и група од 5 фармери, произведувачи на црвена пиперка, како случај на “поголем број на мали фарми”.

Овој проект е започнат на 1 јуни 2019 година и ќе трае 1 година, до 1 јуни 2020.

Датум 01.06.2019


Дигитално земјоделство

Македонски финансирани проекти

Клиент: ФИТР- Фондот за иновации и технолошки развој

Име на проектот: РАМАС