Проект

RAMAS

Систем за далечински мониторинг и советување во земјоделството

АкронимRAMAS
ФинансирањеФонд за иновации и технолошки развој (ФИТР)
Времетраење1 година (01.06.2019 – 01.06.2020)

Преглед

RAMAS, односно СИСТЕМ ЗА ДАЛЕЧИНСКИ МОНИТОРИНГ И СОВЕТУВАЊЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО, претставува дигитализација на веќе постојна услуга на AgFutura. Ова е апликативно решение од интероперабилни конфигурации на интернет на нештата (IoTs-C), кои обезбедуваат сигурни податоци за мониторинг и советување во земјоделството во мал и во голем обем. RAMAS е услужна иновација за MA на земјоделските култури, заснована на иновативни дигитални технологии (хардвер и софтвер). RAMAS е развиен за да го поддржи донесувањето одлуки во земјоделството, обезбедувајќи MA услуги засновани на голем обем податоци од терен, од секоја фаза на земјоделското производство, во реално време.

Клучните атрибути на RAMAS што претставуваат предност во однос на нашите конкуренти се точноста и навременоста во обезбедувањето MA на економичен начин.

Проектот ќе биде посветен на тестирање на „доказот за концепт“ на RAMAS во реална земјоделска средина, која се состои од голема фарма за производство на пченка од 500 хектари и група од 5 земјоделци, производители на црвена пиперка, како пример за поголем број мали фарми.