АгФутура Технологии учествуваше на состанокот на проектот SAGRE во Прага

Date: 10.05.23

Written By: Darko Jancheski

АгФутура Технологии како дел од конзорциумот на проектот SAGRE (финансиран од Erasmus+ програмата), зема активно учество на два настани минатата недела:

  • проектен состанок;
  • сесии за обука и учење нови технологии и практики во земјоделството.

Организатор на настанот беше „Чешкиот Универзитет за Природни Науки“ во Прага. Настанот беше во времетрање од 5 дена, а учество земаа сите партнери од проектот SAGRЕ.

Дискусијата во рамки на проектниот состанок беше со посебен фокус на моменталната состојба на проектот и планирање на претстојните активности.

Тимот на АгФутура Технологии присуствуваше и на обуките за прецизно земјоделство. Сесиите за обука опфатија различни теми од сферата ма дигиталното земјоделство:

  • Фосфорот како „ограничувачки елемент“ во апликацијата врз растенијата;
  • Прецизно земјоделство и поддршка за носење одлуки во земјоделството;
  • Употреба на сателитски снимки во земјоделството;
  • ИТ во пракса;
  • Технологии за стаклена градина и IOT лаборатории;
  • Управување на зони и VRA мапи;
  • Дигитални иновативни хабови.

Овие обуки беа од големо значење бидејќи се здобивме со знаење за иновативни технологии кои ќе се користат во прецизното дигитално земјоделство, за влијанието и употребата на фосфорните ѓубрива и тоа како влијаат врз приносот на земјоделските култури. Исто така, беа одржани и обуки за мапирање на почвата – знаење чија примена зазема централен дел во дигитализацијата во земјоделството.

Учеството на АГФТ на двата настани беше од витално значење за ширење на знаењето и промовирање на целите на проектот. Иновативните технологии и знаења добиени од овие настани ќе му помогнат на АГФТ да придонесе кон успехот на проектот SAGRE и унапредување на полето на дигиталното земјоделство.

Целта на проектот SAGRE, финансиран од Erasmus + програмата, е да го подобри земјоделството преку пренос на знаење и демонстрација на остварлив IT решенија. Главна цел на проектот SAGRE е да ја подобри прецизната и одржлива употреба на хемиски ѓубрива и да ја промовира промената кон кружна економија и зголемена употреба на био-ѓубрива. За постигнување на оваа цел, проектот SAGRE  ќе развие материјали за учење, ќе изврши обука на потенцијалните обучувачи (група од земјоделски инженери) и ќе се насочи кон пренос на знаење и демонстрација на остварливи IT решенија за изградба на капацитети за новата професија Smart Agri Expert, за потоа тие експерти да формираат поврзаност помеѓу засегнатите страни во земјоделството и самите земјоделци. Со помош на оваа инцијатива SAGRE ќе ги подобри земјоделските практики за да се добие здрава почва, биодиверзитет и безбедна храна.

 

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

?>