Втора тркалезна маса на проектот Карбоника: Стратегии за подигање на свеста и едукација на земјоделците за практиките на земјоделството со намалени количини на јаглеродни емисии
Date: 31.10.24
Written By: Darko Jancheski
На 31 октомври, Аг Футура Технологии ја организираше втората онлајн тркалезна маса на тема „Стратегии за подигнување на свеста и едукација на земјоделците за практиките на јаглеродното земјоделство“ како дел од проектот Карбоника. Настанот беше посветен на развивање иновативни пристапи за унапредување на знаењата и практиките кај фармерите, како и зголемување на нивната свест за одржливо управување со земјоделското производство придружено со намалување на јаглеродниот отпечаток.
Посебна благодарност до нашите истакнати говорници: г-дин Виктор Ѓамовски, г-дин Кирил Маневски, г-дин Христодулос Караолис и г-дин Панајотис Калафатис , кои ги споделија своите знаења и визии за тоа како најефикасно да се обезбедат квалитетни и практични информации за земјоделците. Нивната експертиза претставуваше основа за продуктивна дискусија.
Голема благодарност и на сите учесници кои активно се вклучија во дискусијата и придонесоа за размена на идеи. Овој настан беше одлична можност за вмрежување, размена на перспективи и поттикнување на нови идеи и решенија за поддршка на нашите фармери.


