Инсталирање на нашата прва метеоролошка станица – Проект РАМАС

Date: 24.09.19

Written By: Darko Jancheski

Датум: 24 Септември 2019
Место: Петралинци, Струмичко, Република Северна Македонија
Координатор на проектот: АгФутура Технологии
Финансирано од: ФИТР – Фонд за Иновации и Технолошки Развој

Проектот Систем за далечинско следење и советување на земјоделството – РАМАС претставува апликативно решение за интероперабилни конфигурации на интернет на нештата (IoTs-C) кои обезбедуваат веродостојни податоци за мали и големи фарми. Овие податоци се генерираат од повеќе ресурси како што се сателитско снимање, снимање со беспилотни летала и метеоролошки станици. Како дел од проектот, АгФутура Технологии инсталираше метеоролошка станица во избраниот регион за следење и генерирање на веродостојни податоци потребни за советодавниот систем РАМАС. Информациите генерирани од метеоролошката станица и извештајот специјално подготвен за земјоделците од тој регион се испраќаат секоја недела кои содржат податоци како што се:

  • Временска прогноза
  • Минимална и максимална температура
  • Влажност на воздухот
  • Врнежи
  • Ветер
  • Дополнителни информации како што се: почва и електрична спроводливост, влага во почвата, влажност на листови итн.

Овој извештај исто така содржи специјализирани земјоделски совети (прозорец за прскање, евапотранспирација и предупредувања за опасност по животната средина).

image-block

image-block

image-block

image-block

?>