Реализирана значајна одредница: АГФТ успешно ги заврши обврските од Првата Фаза на активности од проектот Дигитализација на фарми во земјите на Западен Балкан

Date: 25.01.24

Written By: Darko Jancheski

Во октомври 2023 година започна проектот за промовирање одржливи земјоделски практики во балканскиот регион преку имплементација на дигитални решенија за модерно земјоделство наречен „Дигитализација на фармите во земјите на Западен Балкан“ . Предводен од АгФутура Технологии, проектот има за цел да обезбеди значаен увид, да го поттикне усвојувањето на најдобрите практики и да ја подобри ефикасноста на управувањето со фармата. Со намалување на загубите и трошоците, зголемување на приносите и максимизирање на профитот — иницијативата се стреми да придонесе за севкупниот напредок на земјоделството во Западен Балкан. Овој проект е заеднички труд на USAID Economic Development, Governance, and Enterprise Growth [EDGE] проектот (имплементиран од страна на International Development Group), USAID North Macedonia Partnership for Economic Growth Activity (имплементиран од страна на Palladium Group), и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

Очекуваните исходи од проектот ќе бидат претставени преку развивање на вкупно шест Фази на активности. Првата фаза од проектот „Дигитализација на Фарми во Земјите на Западен Балкан“, реализирана од страна на АГФТ, е наречена „Утврдување на Основата“. Оваа фаза ги опфаќа задачите наведени во Работниот Пакет бр.1 (WP1) – кој е фокусиран на ширење на Свесност, Едукација и Обуки — и Работниот Пакет бр.2 (WP2) – кој е фокусиран на задачи поврзани со Проценка на Капацитетите на Фармите и Дефинирање на Стратегии за Фармите, како и задачи кои вклучуваат GPS-коригирани истржувања и анализи на почвата.

Овој извештај ги покрива суштинските чекори за успешен почеток на проектот. Извештајот вклучува идентификација и разработка на комплетна листа на корисници посветени на производство на храна. Фокусот е на личности кои разбираат концепти на дигитално земјоделство и веруваат во потенцијалот на овие технологии за подобрување на земјоделските процеси. Иницијативата исто така вклучува проценка на капацитетите на фармите, користејќи специјално дизајниран анкетен формулар за собирање на релевантни податоци кои ја одразуваат општата состојба на земјоделското производство на фармерите учесници. Дополнително, проектот вклучува дефиниран концепт за стратегија на фармите со корисниците, усогласувајќи ги концептите на дигитално земјоделство со нивните цели и аспирации, како би се обезбедила заедничка визија за проектот.

Дополнително, креиравме материјали за обука кои ги покриваат клучните аспекти на дигиталното земјоделство, како што се стратегија за фармата, анализа на почвата, како и подготовка на почвата и сеење. Овие материјали понатаму ќе служат како основа за пренос на знаење за следните обуки. Првиот пакет на обуки базиран на овие материјали, обезбедува на учесниците значаен увид во дигиталното земјоделство, поставувајќи ја основата за идните фази на проектот. Истовремено, проектот вклучува детална анализа на почвата, како би се добиле податоци за составот и карактеристиките на почвата. Оваа информација е од суштинско значење за прилагодување на идните земјоделски интервенции за задоволување на конкретните потреби на фармите учесници, а како финален производ ќе се добијат подобрени и оптимизирани практики.

АГФТ успешно ги изврши горенаведените активности во период од еден месец и ги презентираше резултатите во документот „Утврдување на Основата“.

Тековната соработка помеѓу корисниците и АГФТ ќе продолжи и понатаму, со двоен фокус на проширување на едукативните иницијативи преку обогатување на материјалите за обука преку вклучување на теми како откривање на жариште и надгледување на здравјето на посевите, како и спроведување на сеопфатни тестирања и валидациони активности, специфично во областите на RAMAS и поддршка од страна на АГФТ преку консултантски услуги. Ова ќе послужи како подготовка пред навлегување во следните Фази на активности на проектот.

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

image-block

?>