Сезонски активности на експерименталните полиња во проектот КАРБОНИКА
Date: 22.08.24
Written By: Darko Jancheski
Од јуни до август, партнерите на проектот КАРБОНИКА, АгФутура технологии и Земјоделскиот факултет – УГД ги реализираа предвидените активности на опитните површини во село Амзабегово.
Жетвата на јачменот беше успешно завршена, а примероци од почвата беа земени за анализа на јаглеродните нивоа. Останатите култури (пченка, грав, сончоглед, и наут) продолжуваат со интензивен раст, а наводнувањето се спроведува редовно за да се обезбедат поволни услови за нивниот развој во услови на суша и високи температури.