Аг Футура Технологии организираше работилница во рамки на проектот ЛЕГУМЕС
Date: 20.12.24
Written By: Darko Jancheski
На 17 декември, на Земјоделскиот факултет во Штип, беше одржана работилница во рамки на проектот Легумес – „Валоризирање на екосистемските придобивки од легуминозните култури во македонскиот земјоделско-прехранбен систем“.
Целта на работилницата беше да се идентификуваат придобивките од легуминозните култури, можностите и предизвиците за нивна поголема примена, како и да се градат заедници за нивно производство и консумација. На работилницата учествуваа професори, студенти, фармери, компании, потрошувачи и претставници од институции, кои ги разгледуваа силните и слабите страни на овие култури и работеа на сценарија за нивна поголема употреба.
Проектот ЛЕГУМЕС е со времетрање од 4 години и вклучува 22 парнери, кои имаат за цел да ги утврди екосистемските придобивки од легуминозните култури и да промовира најдобри практики за нивно одгледување.
Како дел од проектот, Аг Футура Технологии организира работилници, утврдува области за унапредување на знаењето и нуди совети за придобивките од легуминозните култури врз животната средина и економијата.
Оваа работилница е важен чекор за подобро разбирање на потенцијалот на легуминозните култури во одржливото земјоделство.