Аг Футура Технологии организираше работилница во рамки на проектот ЛЕГУМЕС

Date: 20.12.24

Written By: Darko Jancheski

На 17 декември, на Земјоделскиот факултет во Штип, беше одржана работилница во рамки на проектот Легумес – „Валоризирање на екосистемските придобивки од легуминозните култури во македонскиот земјоделско-прехранбен систем“.

Целта на работилницата беше да се идентификуваат придобивките од легуминозните култури, можностите и предизвиците за нивна поголема примена, како и да се градат заедници за нивно производство и консумација. На работилницата учествуваа професори, студенти, фармери, компании, потрошувачи и претставници од институции, кои ги разгледуваа силните и слабите страни на овие култури и работеа на сценарија за нивна поголема употреба.

Проектот ЛЕГУМЕС е со времетрање од  4 години и вклучува  22 парнери, кои имаат за цел да ги утврди екосистемските придобивки од легуминозните култури и да промовира најдобри практики за нивно одгледување.

 

 

Како дел од проектот, Аг Футура Технологии организира работилници, утврдува области за унапредување на знаењето и нуди совети за придобивките од легуминозните култури врз животната средина и економијата.

Оваа работилница е важен чекор за подобро разбирање на потенцијалот на легуминозните култури во одржливото земјоделство.

 

 

?>