Настан „Дигитални технологии во одржливи системи за храна“ – дискусии, размена на искуства и презентација на иновации
Date: 20.11.23
Written By: Darko Jancheski
На 14-15 ноември 2023 година, во Хотел Холидеј Ин во Скопје, Северна Македонија се одржа настан од серијата Дијалози за Регионални Прехранбени Системи, со наслов „Дигитални Технологии во Одржливи Системи за Храна“. Организиран од Cities2030 партнерите од Северна Македонија, Платформата за Зелен Развој и АгФутура Технологии, настанот имаше за цел да ги истражи перспективите на засегнатите страни за влијанието на дигиталната транзиција врз одржливоста на прехранбените системи. Одржани беа две тркалезни маси и неколку технолошки сесии, кои обезбедија сеопфатно испитување на подготвеноста на балканскиот земјоделско-прехранбен сектор за технолошка транзиција и споредба на ставовите на ЕУ и Балканот во врска со трансформација на земјоделско-прехранбените системи.
Дискусиите ја акцентираа важноста од усогласување на решенијата со реалните потреби и разбирање на социо-економските и бихевиорални потреби на оние кои се вклучени во самата транзиција. Дополнително, технолошките сесии прикажаа дигитални решенија за одржливост, со учество на експерти од различни земји кои презентираа технологии за производство на биомаса, ублажување на климатските промени, зачувување на биолошката разновидност, заштита на почвата и здравјето на луѓето. Егзибициониот простор и сесијата за синергија го надополнија настанот, нудејќи платформа за презентација на технологија, опрема, иновации и сродни ЕУ проекти.
Ден 1:
Ден 2: