Проектни Услуги

Проектни Услуги

Тимот на АГФТ се одликува со различни видови на вештини и компетенции за развој и менаџмент на проекти кои се финансирани од различни извори. Широкиот спектар на вештини и екстензивното академско и практично искуство во економијата, бизнисот, земјоделството и информационите технологии ни овозможува решавање на комплексни проблеми во проектната работа.

Проектен Развој

Нашиот персонал со високо познавање во областа на економијата, бизнисот, земјоделството и информационите технологии нуди високо квалитетни услуги во процесот на развој на проекти. Екстензивното искуство во работа на проекти и развој на проектни апликации создаде доволно капацитети за ефективно и ефикасно развивање на проекти според специфичните критериуми по секој фондовите за финансирање. АГФТ е целосно способна за водење или поддршка на процесот за развивање на проект при различни повици за проекти со ставен акцент на следните добро познати можности за финансирање:

Проектен Менаџмент

Стекнатото искуство од долгата листа на проекти создаде значајни вештини за менаџмент и извршување на најкомплексните проекти од најразлични конзорциуми. Целосно разбирање и задоволување на потребите за административните работи во проектот како и создавање на високо интелектуални резултати за специфични задачи за потребите на секој проект.

Области на експертиза & интереси во проектна работа

Нашата проектна работа и во развојот и управувањето со проектите е насочена кон следниве специфични области:

  • Земјоделство базирано на податоци
  • Прецизно земјоделство
  • ИоТ во земјоделството
  • Иновации во земјоделските технологии (Роботика, Blockchain, дигитални технологии и интегрирано управување со штетници и други)
  • Циркуларна економија во контекст на земјоделството
  • Био-индустрија
  • Проценка на земјоделски полиси (локални и интернационални)
  • Развој на полиси
  • Извршување, мониторинг и проценка на полиси
  • Развој на национални, регионални и меѓународни стратегии за развоj