Процена на бизнис на фарма

Проценка на бизнис на фарма

АГФТ обезбедува услуга за економска проценка за различни големини на земјоделски деловни модели во широк опсег на земјоделски подсектори. Оваа услуга се состои од две главни компоненти.

 

Комбинирањето на овие две услужни компоненти обезбедува сигурен увид за реалните капацитети на земјоделскиот бизнис модел на клиентот, суштински потребни за донесување успешна одлука во секојдневниот бизнис, како и одлука за понатамошни инвестиции.

Aгро – Технолошка Компонента

Агротехнолошката компонента вклучува длабинска анализа на применетите земјоделски технологии кои се користат во бизнис моделот на фармата на клиентите. Анализата има за цел да ја утврди ефективноста и ефикасноста на технолошкиот капацитет за создавање додадена вредност и остварување профит. Најголемата предност на АГФТ во обезбедувањето на оваа услуга е нашето знаење и вештини за дигитални технологии кои обезбедуваат вредни и прецизни податоци од клучно значење за разбирање на реалната ситуација во моделот на фармата.

Eкономска Компонента

Економската компонента на овие услуги се состои од анализа на економските и финансиските аспекти на сите деловни и технолошки функции (биланс на успех и биланс на состојба) во бизнис моделот на фармата на клиентот.