„Следење во синџирот на агро-прехранбени вредности: Случај на Западен Балкан и Централна Азија“

Portfolio

Project Description

Студијата за „Следење во синџирот на агро-прехранбени вредности: Случај на Западен Балкан и Централна Азија“ е изготвена од „АгФутура Технологии“, поддржана од „ГИЗ“ во име на германското сојузно министерство за економска соработка и Развој (БМЗ).

Секторската мрежа на ГИЗ за одржлив економски развој и вработување во регионите на Европа, Кавказ, Централна Азија и Авганистан (SENECA SEDE) има за цел поттикнување на транснационална размена на експертиза во релевантни теми меѓу вработените во ГИЗ и пошироко. Дигитализацијата на следливоста во земјоделските синџири на вредности е еден од предизвиците присутни во земјите од Западен Балкан и Централна Азија што треба дополнително да се решат, а со тоа резултираше во заедничка соработка за спроведување на студијата. Студијата ги презентира различните дигитални решенија во следливоста на агро-вредносните синџири, подготвеноста на земјите за спроведување на ваквите решенија и дава практични примери на имплементирани системи за дигитална следливост.

Симнете ја студијата на следниот ЛИНК.

Project Details